Арсенал ќе се обиде за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на германскиот интернационалец Шкодран Мустафи, пренесуваат англиските медиуми.
Фудбалерот кој во Лондон пристигна од Валенсија летото 2016 година за 35 милиони фунти, не ги оправда очекувањата, има проблеми и со повредите, па во Арсенал го изгубија трпението.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најголем интерес за неговите услуги покажуваат гигантите од Бундеслигата, Баерн Минхен и Борусија од Дортмунд, но се уште немаат испратено официјална понуда.
За Мустафи интерес ова лето покажуваше и Интер, но „топџиите“ ја одбија понудата, иако сега можеби се каат поради тоа.