Дома Трансфер зона Арсенал го направил првиот чекори: За 50 милиони евра од Серија А носи замена за Рамзи?

Арсенал го направил првиот чекори: За 50 милиони евра од Серија А носи замена за Рамзи?

Фудбалерите на Каљари играат променливо оваа сезона и во овој момент се наоѓаат на 13-тата позиција во Серија А, но поради очајните настапи на Киево и Фросиноне не се наоѓаат во опасната зона.

Она што е сигурно, тимот од Сардинија има млада ѕвезда која наскоро добро ќе ја наполни касата на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Арсенал и Ливерпул се сериозно заинтересирани за фудбалерот на овој тим, Никола Барела, а медиумите тврдат дека на адреса на Каљари од Лондон пристигнала понуда во износ од 50 милиони евра. Претходните најави беа дека Каљари е спремен да преговара доколку пристигне таква сума.

Ливерпул и претходно се поврзуваше со Барела, се пишуваше и дека тој е голема желба на Клоп, но немаше ништо конкретно.

Од друга страна пак ако се точни информациите дека Арсенал испратил понуда, Барела во Лондон би можел да пристигне како замена за Арон Рамзи кој многу веројатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

https://www.youtube.com/watch?v=QmZ7gcSO4A8&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…