Дома Трансфер зона Арсенал го „краде“ Шпанецот пред носот на Барса

Арсенал го „краде“ Шпанецот пред носот на Барса

Арсенал оваа сезона игра под своите очекувања и моментално се наоѓа на 6-то место на табелата во Премиер лигата.

Поради тоа тренерот Унаи Емери сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а основна цел ќе биде засиливање на одбраната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека главна мета на „топџиите“ во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Виљареал, Пау Гомез.

22-годишниот Гомез веќе подолго време е следен од скаутите на Арсенал, кои дале позитивни забелешки и сметаат дека ќе биде засилување за иднината на тимот.

Дефанзивецот во својот договор со Виљареал има откупна клаузула од 43 милиони фунти, но Арсенал не е спремен да плати толкава сума за неговиот потпис.

„Топџиите“ наскоро ќе започнат преговори со Виљареал и ќе испратат првична понуда од 30 милиони евра, бидејќи сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот.

Гомез веќе дебитираше за шпанската репрезентација, а интерес за него покажува и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…