Македонскиот голман Дејан Илиев после шест месеци поминати во Словачка, во Серед се врати во Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Илиев во јули оваа година беше позајмен од Арсенал во Серед и имаше добри настапи. Причина за неговото враќање, односно не продолжувањето на позајмицата веројатно е заминувањето на тренерот Славчо Војнески.
Меѓутоа, Арсенал верува во младиот македонски голман, па денес ја активираше клаузула за продолжување на неговиот договор.
Имено, 24-годишниот струмичанец денес стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста со „топџиите“ за нови две години.