Македонскиот голман Дејан Илиев го напушти ХЈК Хелсинки, потврди клубот од Финска преку социјалните мрежи.
Илиев пропушти голем дел од сезоната поради повреда, а денес и официјално се раздели со клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сезоната на Дејан Илиев заврши уште на крајот на јули со повреда по негови 11 натпревари, но голманот успеа да ги убеди навивачите во своите квалитети. Хелсинки не ја искористи опцијата во неговиот договор, па така тој заминува на друго место. Ти благодариме Дејан“, објави тимот.
Како нова дестинација за Дени Илиев се споменува босанскиот прволигаш Сараево.