Дома Фудбал Аргентинецот отворено за трансферот на Нејмар: И јас некогаш бев „сенка“

Аргентинецот отворено за трансферот на Нејмар: И јас некогаш бев „сенка“

Иако трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ пред два дена беше официјализиран, се уште бразилскиот фудбалер се наоѓа во центарот на вниманието.

Навивачите на Барселона се бесни на Нејмар што одлучи да го напушти клубот и за 222 милиони евра да премине во Париз. Многумина сметаат дека Бразилецот тоа го направил поради парите, бидејќи во ПСЖ ќе има двојно поголема плата отколку на „Камп Ноу“. Сепак, има и такви кои тврдат дека Нејмар заминал за да не биде повеќе „сенка“ на Лионел Меси.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Јасно е дека Нејмар сака да стане најдобар играч на светот и да ја освои „Златната топка“, но тешко ќе го направи тоа доколку е во ист клуб со Меси. По овие наведувања, се огласи и Аргентинецот кој порача дека и тој некогаш бил „сенка“, но тоа паметно го искористил.

„Кога на почетокот дојдов во првиот тим, бев под надзор на Роналдињо. Не можам да кажам во „сенка“, бидејќи не беше баш така. Сепак, сигурен сум дека тоа ме направи она што сум денес, бидејќи од него научив навистина многу“, истакна Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парови за Лига Европа: Италијанско дерби за четвртфинале, Нотингем ќе патува во Данска!

Денеска попладне беа извлечени паровите за осминафиналето на Лига Европа и се постави кост…