Дома Фудбал Останато Аргентинецот конечно дочека: Икарди повикан за настап во репрезентацијата

Аргентинецот конечно дочека: Икарди повикан за настап во репрезентацијата

Напаѓачот на Интер и еден од најдобрите центрафори во Европа, Мауро Икарди конечно го доби повикот кој долго го чекаше, но потполно го заслужуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди е повикан во репрезентацијата на Аргентина за пријателските натпревари против Бразил и Сингапур и тоа му е само втор повик во националниот тим, и покрај тоа што со години игра на високо ниво.

Списокот на Аргентина за претстојните два натрпевари денеска и официјално беше објавен, а интересно е тоа што на него го нема Серхио Агуеро. Исто така, местото во екипата го загуби и Лавеци.

Од новите на листата вреди да се нагласи играчот за врска Мануел Ланзини, за кого е прв повик за репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …