Соственикот на Челзи Тод Боели одлучи да го одврзе ќесето и „сините“ се апсолутни победници на преодниот рок откако го срушија британскиот рекорд со трансферот на Енцо Фернандез.
Во јануари Челзи доведе осум фудбалери и седум од нив куп, позајмен е само Жоао Феликс за 9.7 милиони фунти. Енцо Фернандез со 121 милион евра е најскапиот трансфер во историјата на Челзи, но и најскапиот во британскиот фудбал. Срушен е рекордот на Џек Грилиш од Астон Вила во Сити за 117 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голем е трансферот и на Михаило Мудрик за кого Челзи плати околу 100 милиони евра или 88.5 милиони фунти. Трет најскап е Бено Бадиашил од Монако, за него платија 35 милиони фунти. Нони Мадуеке од ПСВ го ангажираа за шест помалку, а на Лион му платија 26.3 милиони фунти за Мало Густо.
18 милиони фунти потрошија на Давид Датро од Сантос, а 10 за Фофана од Молде.