Дома Останати Тенис АО: Надал лесно против Фоњини, во следната фаза помина и Медведев

АО: Надал лесно против Фоњини, во следната фаза помина и Медведев

Данил Медведев и Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираа во четвртфиналето на Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медведев рутински со 3:0 за нешто повеќе од час ипол игра го победи Мекензи Мекдоналд кој до сега беше прво изненадување на турнирот.
Рускиот тенисер славеше со 6:4, 6:2 и 6:3 со по два направени брејка во секој сет. Во четвртфиналето ќе игра против сонародникот Андреј Лубарев.

Незгодниот Фабио Фоњини овој пат не беше тежок противник за Рафаел Надал. Шпанецот славеше со убедливи 3:0 (6:3, 6:4, 6:2).

Италијанецот покажа заби во првите два сета, посебно во вториот кога имаше 4:2 и брејк предност, но Надал со четири гема в о низа отиде на 2:0 и во третиот сет само ја доврши работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа со победа го започна турнирот во Лајпциг

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Лајпциг, о…