Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ги остави Азар, Марсело и Асенсио на клупата за резерви во натпреварот против Шахтјор.
Медиумите по натпреварот пишуваа дека „тројката“ била лута на Анчелоти што не добиле шанса. Прашање на таа тема доби и Анчелоти по натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нормално е тие да бидат лути. Добро знам што размислува секој фудбалер кој се загревал 40 минути, а не влегол во игра. Им кажав дека ми е жал, но едноставно не сакав ништо да менувам. Секако дека имаат квалитет и искуство, Марсело повеќе пати ја освои ЛШ, но сепак ова е моја работа и јас одлучувам за доброто на тимот“, изјави Анчелоти.