Манчестер Сити вчера убедливо го победи Реал Маддрид во реваншот од полуфиналето од Лигата на шампионите (4:0) и така со вкупни 5:1 ги елиминираше „кралевите“ кои во изминатите години станаа специјалисти за најелитното европско натпреварување
Машинеријата на Гвардиола буквално го надигра Реал и заслужено ќе игра за европската круна против Интер. Поразот по натпреварот го призна и Карло Анчелоти. Помеѓу другото, Анчелоти потврди и дека останува во Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Понекогаш играте против подобар противник, а токму таков имавме ние во овие два натпревари. Навистина беа супериорни, ова е полуфинале во Лигата на шампионите и се случува ваков пораз.
Мораме да учиме од грешките. Нема потреба да се прави голема драма од сето ова. Манчестер Сити има фантастична сезона, сепак и полуфинале во ЛШ е успех. Следната сезона јас ќе бидам тука и ќе се борам за нова титула“, изјави Анчелоти.
Во финалето Манчестер Сити ќе се сретне со Интер на 10-ти јуни на стадионот „Ататурк“ во Турција.