Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Иско ќе го напушти клубот од Мадрид на крајот на оваа сезона.
Иско од „Сантијаго Бернабеу“ се прости вчера во последното коло од Примера против Бетис (0:0), а доби прилика да настапи во последните 20 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кариерата на Иско тука само што заврши. Беше важен дел од овој тим во последните неколку години, одигра големи натпревари, но можеше да направи и поголема кариера во Реал. Му посакувам се најдобро“, изјави Анчелоти за играчот кој оваа сезона собра само 304 минути во Примера.
Иско во Реал Мадрид пристигна пред девет години од Малага за 30 милиони евра. За „кралевите“ одигра 352 натпревари, постигна 53 гола и подели 56 асистенции. Во Реал стана и шпански репрезентативец (38 натпревари, 12 голови). Најавите од Шпанија се дека Иско може да продолжи во Бетис.