Реал Мадрид синоќа после драма успеа да го елиминира Челзи и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Анчелоти така стигна до своето осмо полуфинале во Лигата на шампионите, но тоа не е се. Тој е единствениот тренер во историјата кој во четири различни децении успеал да стигне во полуфиналето на Лигата на шампионите.




„Знаев дека можеме далеку. Не заслуживме ни пораз од два гола. Многу страдавме, но по тој втор гол на Бензема станавме и го покажавме силниот карактер. Карим е шампион, но истото можам да го кажам и за други мои играчи. Модриќ беше извонреден, тој е волшебник, а асистенцијата беше особено феноменална“, изјави Анчелоти.