Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен да чека шанса да стигне до првиот тим на „црвените ѓаволи“.
24-годишниот Холанѓанец веќе започнал да бара нов клуб, а неговиот агент го понудил на Реал Мадрид, пренесуваат холандските медиуми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот му дал насоки на својот агент да му договори трансфер во Реал Мадрид. „Кралевите“ во минатото покажуваа интерес за Ван де Бек, а сега Карло Анчелоти дал „зелено светло“ за трансферот.
Се очекува наскоро двата клуба да седнат на преговарачка маса, а Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Холанѓанецот на позајмица со право на откуп.
Меѓутоа, конкуренцијата во средниот ред на „кралевите“ е голема, особено после доаѓањето на Камавинга, па Реал ќе треба прво да се ослободи од Иско и Себаљос.
🚨Donny van de Beek was offered to Real Madrid.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) November 17, 2021
💭🤔According to Carlo Ancelotti's decision, talks can be held with Manchester United.#HalaMadrid #RM | #MUFC #ManUtd
🔻VOLE🔻
🔜 https://t.co/FGB5A8DzJX pic.twitter.com/jgx9GseK8N