Дома Трансфер зона Анчелоти го сака Мексиканецот по секоја цена

Анчелоти го сака Мексиканецот по секоја цена

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи не се откажува од мексиканскиот репрезентативец и ѕвезда на ПСВ, Ирвин Лозано.

Лозано блесна на Светското првенство, а дората форма ја пренесе и во холандскиот шампионат каде блеска оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Мексиканецот е прв на листата желби на Анчелоти.

Наполи е спремен да понуди 35 милиони евра, додека ПСВ бара 40 милиони евра за неговата слобода. Разликата не е голема, па се чини дека двата клуба набрзо ќе најдат компромисно решение.

Лозано оваа сезона постигна 13 гола и запиша 6 асистенции за ПСВ до сега, па Наполи ќе треба да се избори и со големата конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…