Легендарниот Тиери Анри се врати во Монако после 19 години, но овој пат од кормилото ќе го предводи клубот од „кнежевството“.
За Анри ова е прв самостоен тренерски ангажан и истакна дека го прифатил предизвикот случајќи го своето срце.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Кога пристигна понудата, ми изгледаше многу логично. Ја донесов одлуката со моето срце. Научив многу за фудбалската игра од многуте тренери во текот на кариерата. Секако најмногу од Арсен Венгер, а тука беше и Пеп Гвардиола“, изјави Анри, но не ги заборави француските тренери.
„Секако, не заборавам и на франcуските фудбалски имиња, кои и тоа како влијаеа на мојата игра, а сега и на мојата тренерска филозофија. Дешамп и Зидан се двајца тренери на кои им се восхитувам. Кога и да се видам со нив зборуваме за фудбал и тактика“, додаде Анри.
Легендарниот Французин на клупата на Монако ќе дебитира во сабота на гостувањето кај Страсбур.