Дома Фудбал Англија „Анонимусот“ од Лестер е најдобриот заден везен во Англија

„Анонимусот“ од Лестер е најдобриот заден везен во Англија

Во јануари оваа сезона приоритет на Лестер беше да донесе замена за одличниот Нголо Канте, кој претходно го засили Челзи.

Па така раководството на Лестер минатиот зимски преоден рок му плати на Генк 15 милиони фунти за Вилфред Ндиди, и се чини дека не погреши.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ретко кој можеше да предвиди дека 21-годишниот Ндиди така брзо ќе се прилагоди на Премиер лигата, но тој набрзо стана главен играч во средниот ред на „лисиците“.

Имено, Ндиди одлично ги завршува своите задачи на позицијата дефанзивен играч за врска, па во досегашниот дел од сезоната запиша 74 успешни старта над противничките играчи што е најмногу во Премиер лигата. Неговиот просек од 4.3 успешни стартови по натпревар исто така е најдобар во елитниот ранг.

Со оглед дека станува збор за исклучително млад фудбалер допрва се очекуваат неговите најдобри партии, па веќе почнаа да го споредуваат со Нголо Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…