Дома Фудбал Англија се враќаше од мртвите против Словачка, но според обложувалниците се уште е фаворит за титулата

Англија се враќаше од мртвите против Словачка, но според обложувалниците се уште е фаворит за титулата

Европското првенство во Германија стигна до четвртфиналето и тие натпревари се закажани за во петок и сабота.

Познати се и четвртфиналните парови, а најголемото дерби го играат Германија и Шпанија, додека подобриот од тој дуел ќе вкрсти со Франција и Португалија, додека на другата страна Англија ја има улогата на фаворит.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англичаните во четвртфиналето ќе играат против Швајцарија, додека во потенцијалното полуфинале би играле со Турција или Холандија.

Поради ваквата ситуација, Англичаните и покрај неубедливата форма со која играат од почетокот на првенството и понатаму се први фаворити за трофејот. Зад нив следи Шпанија, па Франција, Германија…

КОЕФИЦИЕНТИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕП:

Англија – 4,5 коефициент
Шпанија – 5 коефициент
Франција – 5,5 коефициент
Германија – 5,5 коефициент
Холандија – 8 коефициент
Португалија – 10 коефициент
Швајцарија – 15 коефициент
Турција – 35 коефициент

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи подготви замена за Конте: Во игра се тројца тренери за кормилото

Со елиминацијата од БиХ, фудбалската репрезентација на Италија доживеа нов срам, бидејќи н…