Дома Трансфер зона Англичаните тврдат: Кансело се скарал со Пеп и заминува од Сити, познато и каде!

Англичаните тврдат: Кансело се скарал со Пеп и заминува од Сити, познато и каде!

Според повеќе извори од Англија, Жоао Кансело ќе си замине од Манчестер Сити и ќе го засили Баерн Минхен.

Најавите се дека Кансело во Баерн ќе пристигне на позајмица со опција за перманентен трансфер. Изминативе сезони Кансело се промовираше како еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, но и еден од најдобрите бекови во Премиер лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата година потпиша договор до 2027 година, меѓутоа сега наводно влегол во расправија со Пеп Гвардиола. Повеќе познати новинари и реномирани медиуми пренесуваат дека Кансело во финишот од преодниот рок ќе направи изненадувачки трансфер.

Најавите се дека десниот бек ќе се пресели во Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната, а баварците ќе добијат право и во целост да го откупат на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Марсијал

Јувентус се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиј…