Дома Видео Англичаните бесни на судијата и ВАР: Дали се оштетени против Тунис?

Англичаните бесни на судијата и ВАР: Дали се оштетени против Тунис?

Репрезентацијата на Англија синоќа во Волгоград ја совлада селекцијата на Тунис со 2:1 во првото коло од групната фаза на Мундијалот во Русија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Англичаните успеаа со победа да го почнат патот на СП, но до неа дојдоа со голот на Хари Кејн во судиското продолжение. Тунис имаше бод до последната минута на натпреварот, но Англија, мора да се признае, на крајот заслужено победи.

Јавноста во Англија синоќа дигна голема врева поради одлуката на судијата на овој натпревар. Имено, од Англија порачаа дека ни ВАР не помага кога се они во прашање и дека и овој пат се жестоко оштетени. На средината од провото полувреме Англичаните бараа пенал врз Кејн, но судијата само одмавна со раката.

Од таборот на Англија се надеваа дека судијата на крајот ќе се консултира со помошниците од собата за ВАР, но и тоа изостана. Дали е ова првата голема грешка на Мундијалот, проценете сами.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…