Дома Топ вести Англиски новинар: Најголема желба на Мбапе е Ливерпул

Англиски новинар: Најголема желба на Мбапе е Ливерпул

Англискиот новинар и трансфер експерт, Данкан Касалс тврди дека приоритетна дестинација на Килијан Мбапе е Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според новинарот Мбапе со сигурност ќе си замине од ПСЖ, а пред него се две опции – Премиер лига и Примера.

Касалс тврди дека Мбапе преферира преселба во Ливерпул пред Реал Мадрид, два клуба кои покажуваат најсилен интерес за Французинот.

„Неговата желба за следниот чекор во кариерата да премине во една од двете најдобри лиги – Премиер лига или Примера. Ми кажаа дека негова најголема желба е Ливерпул. Тој го почитува и Манчестер Јунајтед, но импресиониран е од Ливерпул под водство на Клоп“.

„Другата можност е Шпанија, каде главен кандидат е Реал Мадрид. Што се однесува до Барселона мислам дека Каталонците немаат финансиска моќ за таков трансфер“, изјави англискиот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…