Дома Фудбал Останато Англиските клубови ги суспендираа играчите кои отпатуваа во Јужна Америка

Англиските клубови ги суспендираа играчите кои отпатуваа во Јужна Америка

Фудбалерите од Премиер лигата кои играа за својата репрезентација во Јужна Америка се најдоа во голем проблем по враќањето во Англија.

Клубовите од најсилниот ранг на англискиот фудбал им забранија на своите играчи кои доаѓаат од Јужна Америка да играат за својата репрезентација во квалификациите, но многумина и покрај тоа одговорија на повикот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските клубови забранија затоа што многу земји од Јужна Америка се наоѓаат на црвената листа поради коронавирусот, тоа значи дека некои од нив ќе мораат да имаат обврска за изолација.

Поради тоа во наредното коло Манчестер Сити нема да може да смета на Габриел Хесус кој играше за Бразил, а тој ќе го пропушти и првото кол од Лигата на шампионите.

Ливерпул го суспендираше Алисон, а Тотенхем истото го направи со Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро.

Во проблем се и играчите од Централна Америка, односно репрезентативците на Мексико. Петдневна суспензија од клубот добија Раул Хименез од Вулверхемптон и Мигел Алмирон од Њукасл и нема да играат за викендот. Тоа се однесува и на Емилијано Мартинез (Астон Вила) и Емилиано Буенди (Вест Хем) кои играа за Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…