Иднината на Мауро Икарди во Интер изгледа се понеизвесна, особено ако „нероаѕурите“ не успеат да се пласираат во Лигата на шампиони.
Во недела Интер го игра клучниот натпревар сезонава против Лацио и доколу не успее да победи во Рим и следната сезона ќе остане без Лига на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во тој случај „нероаѕурите“ ќе бидат принудени да продадат некоја од своите ѕвезди, а Икарди пред неколку дена призна дека би можел да замине, доколку раководството донесе таква одлука.
Неговата изјава ги алармираше англиските гиганти, пред се Манчестер Јунајтед и Челзи, кои се спремни да испратат богата понуда.
Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, која споменатите клубови се спремни да ја платат, притоа му на напаѓачот му нудат многу поголема плата од таа што ја добива во Интер.