Дома Трансфер зона Англиските гиганти водат битка за потписот на Кулушевски

Англиските гиганти водат битка за потписот на Кулушевски

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Парма, Дејан Кулушевски со своите добри игри го привлекол вниманието на најголемите италијански клубови, како и на други европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дејан Кулушевски има македонско потекло, но се реши да игра за шведската репрезентација. Оваа сезона игра фантастично во дресот на Парма и во јануари ќе се води „битка“ за неговиот потпис.

За неговиот потпис интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус, но сега во трката се вклучија англиските гиганти Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Англиски „Сан“ тврди дека Арсенал и Манчестер Јунајтед веќе подолго време го следат Македонецот и се спремни да испратат понуда во јануарскиот преоден рок.

Кулушевски има 19 години, а на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч. Синоќа и официјално дебитираше за шведската репрезентација против Фарски Острови, иако има настао за македонската У16 репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…