Дома Фудбал Ал Наср се посрамоти против Селта, а коментарот на Кристијано Роналдо ќе биде предмет на сериозни полемики

Ал Наср се посрамоти против Селта, а коментарот на Кристијано Роналдо ќе биде предмет на сериозни полемики

Ал Наср беше тешко поразен од шпанската Селта од Виго во пријателски натпревар.

Беше 5:0 за членот на Ла Лига, но и покрај тоа Кристијано Роналдо тврди дека од европските лиги вреди уште само англиската ПЛ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал Наср беше декласиран од Селта со 5:0. По излегувањето од игра на Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ, шпанскиот тим го декласираше тимот на Саудиска Арабија и за само 18 минути постигна пет гола.

По натпреварот, Кристијано Роналдо даде интересна изјава. Тој тврди дека од европскиот фудбал само англиската Премиер лига го задржала своето ниво, додека другите изгубиле многу квалитет.

„Нема да се вратам во Европа. Целосно ја затворив таа врата“, рече Кристијано и додаде:

„Имам 38 години, но и европскиот фудбал изгуби многу квалитет. Единственото нешто што вреди е Премиер лигата. Тие се далеку пред другите. Исто така, првенството на Саудиска Арабија е подобро од МЛС. Реков дека лигата ќе биде меѓу Топ 5 во светот за три години и не го делам мислењето дека тука доаѓаат само стари играчи“.

За високиот пораз од Селта рече:

Ни недостигаа неколку важни играчи, но бевме подобри во првото полувреме. Судијата подоцна го уништи натпреварот“, истакна КР7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…