Пред два дена беше објавено дека левиот бек на Барселона Маркос Алонсо како слободен играч ќе си замине од клубот. Сега каталонскиот „Спорт“ пренесува каде би можел да ја продолжи кариерата.
Најавите се дека Алонсо би можел да продолжи во редовите на Атлетико Мадрид. Атлетико Мадрид во последните години стана клуб кој често пати знаеше да доведува фудбалери кои се сметани за „вишок“ во Барселона: Така беше со Луис Суарез, па потоа и со Мемфис Депај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се остварат најавите Алонсо ќе стане само третиот фудбалер во историјата кој во кариерата настапвал за Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид. Пред него тоа им успеало само на Мигел Солер и Бернд Шустер.
Алонсо потекнува од школата на Реал Мадрид, а за сениорскиот тим на „кралевите“ одигра само еден натпревар. Подоцна го носеше дресот на Болтон, Сандерленд и Челзи во Англија и Фиорентина во Италија. Член на Барселона стана во 2022 година.