Дома Топ вести Алексис Санчез го одбра новиот клуб: Си заминува во јануари, Арсенал ќе добие „само“ 20 милиони фунти

Алексис Санчез го одбра новиот клуб: Си заминува во јануари, Арсенал ќе добие „само“ 20 милиони фунти

Арсен Венгер ќе има проблеми во јануари. Дали да ги задржи Месут Озил и Алексис Санчез во клубот до летото, или да ги продаде на зима и да заработи пари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изгледа дека Санчез веќе знае што сака. „Mirror“ пишува дека Чилеанецот не е заинтересиран за трансфер во Манчестер Јунајтед и ПСЖ, туку сака да се пресели во Манчестер Сити, што ги поставува „граѓаните“ во одлична позиција во јануари.

Како му истекува договорот на поранешниот напаѓач на Удинезе, а во неговата глава има само еден клуб, Арсенал можеби ќе биде принуден да го продаде за „само“ 20 милиони фунти. Пеп Гвардиола е заинтересиран за јануарскиот трансфер период само доколку би можел да го доведе за цифрата која беше наведена, инаку е подготвен да чека до крајот на сезоната.

Работите се сосема логични. На Сити во моментов не им е потребен Санчез. Први се на табелата, а со Серхио Агуеро и Габриел Хесус го имаат можеби и најдобриот напад во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…