Дома Фудбал Италија Алегри ја ИЗНЕНАДИ Италија: Најави повлекување и откри што планира потоа?!

Алегри ја ИЗНЕНАДИ Италија: Најави повлекување и откри што планира потоа?!

Mногумина ги изненади, но нема уште долго да го гледаме покрај аут линијата…

Масимилијано Алегри, за еден од италијанските медиуми откри што ќе прави во иднина и најави дека нема уште долго да го гледаме на европската сцена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој ја изненади италијанската јавност со зборовите дека ќе биде тренер најмногу уште четири или пет години.

„Немам намера да се задржувам уште долго. Можеби подоцна ќе работам со децата, задоволство е да ги гледаш децата како напредуваат. Во професионалниот фудбал ќе останам уште неколку години“, изјави тренерот на Јувентус кој во овој момент има 50 години.

Доколку го одработи договорот со „бјанконерите“ му останува уште Италија како круна на кариерата.

„Да тоа би било логичен крај, имаме талентирани момци родени помеѓу 1992 и 2000 година, тоа е генерација која може многу“, додаде Макс.

Да потсетиме, Алегри ова лето имаше можност да премине во Англија, а веројатно тоа беше и неговиот последен „воз“ за работа во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…