Дома Трансфер зона Алегри „флертува“ со ѕвездата на Милан: Ромањоли е најдобриот млад Италијанец!

Алегри „флертува“ со ѕвездата на Милан: Ромањоли е најдобриот млад Италијанец!

Неодамна италијанските медиуми пренесоа дека Јувентус е заинетресиран за младиот дефанзивец на Милан, Алесио Ромањоли, а сега тренерот на „старата дама“ додатно ги разгоре шпекулациите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „старата дама“ во Ромањоли гледа идеален наследник на Џорџо Киелини, кој е на залез на кариерата, па сака да го донесе во своите редови.

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри изјави дека Ромањоли е најдобриот млад фудбалер кој го има Италија и додатно ги разгоре шпекулациите.

„Ругани и Ромањоли се двајца млади фудбалери кои се иднината на италијанскиот фудбал. Според мене Ромањоли е најдобриот млад италијански фудбалер“, изјави Алегри.

Сепак, тешко дека Милан ќе се откаже од својот дефанзивец бидејќи во летниот преоден рок одби понуда од 55 милиони евра за 23-годишниот Италијанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…