Дома Фудбал Италија Алегри: Само еден играч смее да биде нервозен!

Алегри: Само еден играч смее да биде нервозен!

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри беше незадоволен од нервозата на своите играчи на дербито со Јувентус кое им припадна на „бјанконерите“ со 1:0.

Натпреварот го одбележа незадоволството на Стефан Лихштајнер кој беше изваден од игра десетина минути пред крајот, кој му подаде рака на Алегри но нервозно ја коментираше измената.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„На натпреварот може само еден играч да биде нервозен, никако двајца. Лихштајнер беше малку нервозен кога излегуваше, но тоа е нормално. Видев дека малку падна, мислев дека се повреди, а всушност не му беше ништо. Лошо видов“, изјави Алегри кој минатата недела го имаше истиот проблем и со Пауло Дибала.

„Ова беше исклучително квалитетен натпревар достоен полуфинале во Лигата на шампиони. Имаме среќа што Интер лошо ја започна сезоната, иначе ќе беше најголем конкурент за Скудетото. На време постигнавме гол и не му дозволивме на Интер да ни ја загрози победата“, заклучи Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Далиќ го објави списокот: Ова се фудбалерите со кои Хрватска ќе игра на Европското првенство

Селекторот на Хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го објави списокот од 26 иг…