Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Освојувањето на ЛШ не може да биде цел, тоа е сон

Алегри: Освојувањето на ЛШ не може да биде цел, тоа е сон

alegri

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри зборуваше на конференцијата за медиуми пред натпреварот натпреварот во Лигата на шампионите кој Јувентус ќе го одигра против Барселона утре во 20:45 часот.

Алегри на почетокот зборуваше за двете финалиња во ова натпреварување.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Првиот пат беше навистина неочекувано, додека вториот навистина се надевавме дека можеме и да го освоиме трофејот. Освојувањето на Лигата на шампионите не може да биде цел, туку сон. За да го оствариш тој сон мораш напорно да работиш“, смета Алегри.

Италијанецот потоа зборуваше за промените во тимот кои се случија во лето.

„Неколку играчи пристигнаа, клубот се засили, но за да имаме резултати потребно е да бидеме максимално мотивирани. Имаме силна екипа, меѓутоа имаме голем простор за напредок. Групата е навистина изедначена, Барселона, Спортинг и Олимпијакос имаат големо искуство во Европа, воопшто нема да биде лесно да се освојуваат бодови“, заврши Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …