На церемонијата на која беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите, УЕФА ги прогласи и најдобрите за минатата сезона.
Лука Модриќ во конкуренција на Салах и Роналдо стигна до наградата за најдобар играч, а тоа предизвика револт кај оние кои го поддржуваат Португалецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо не се појави на гала вечерта во Монте Карло, па фудбалските фанови не можеа да ја видат неговата реакција. Прв кој се огласи беше агентот на фудбалерот кој порача дека е срамно и смешно што УЕФА го избрала Модриќ за најдобар во Лигата на шампионите.
Денес во медиумите на оваа тема зборуваше и стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
„На Роналдо не му е сеедно и според мене тоа е нормално. Минатата сезона постигна 15 погодоци и го предводеше Реал до третиот трофеј во низа во Лигата на шампионите. Тоа што не му е сеедно покажува дека се уште има желба да биде најдобар и се уште е гладен за успех. Непојавувањето во Монако беше негова одлука и ние можеме само да ја почитуваме“, изјави Алегри.