Дома Трансфер зона Алвеш му помогна на Мурињо?

Алвеш му помогна на Мурињо?

Како што пренесуваат француските медиуми, благодарение на потегот на Бразилецот, Дани Алвеш, Манчестер Јунајтед би можел да добие одлично засилување.

Дани Алвеш го „изневери“ Пеп Гвардиола и место на „Итихад“ се пресели на „Паркот на принцовите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Причината е јасна, Алвеш во Париз доби двојно поголема платa од онаа која му беше понудена во Манчестер. Во наредните две сезони само од договорот со „светците“, Бразилецот ќе инкасира 27 милиони евра.

Од неговиот трансфер корист би можел да има и Манчестер Јунајтед. Имено, нема сомневање дека Алвеш ќе биде прв избор покрај десната аут линија, а тоа значи дека Серж Ауриер би добивал далеку помала минутажа.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска поради тоа би можел да го напушти Париз, а наводно Јунајтед е прв во редот за неговиот потпис.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…