Дома Фудбал Алвес со провокација до Реал поради една ситуација од натпреварот против Билбао (ФОТО)

Алвес со провокација до Реал поради една ситуација од натпреварот против Билбао (ФОТО)

Реал Мадрид вчера на гости го победи Атлетик Билбао, а единствениот гол на натпреварот го постигна Серхио Рамос.

„Кралевите“ успеаа да ја задржат предноста од четири бода во однос на Барселона и се наоѓаат на чекор од освојување на титулата. Меѓутоа ниту овој натпревар на Реал не помина без критики на сметка на ВАР и судиите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, откако Реал поведе со 1:0 во казнетиот простор на гостите Рамос го фаулираше Раул Гарсија меѓутоа судијата одмавна со рацете. Многумина очекуваа ВАР да реагира, но не се случи тоа.

Поради тоа од таборот на Барселона испратија жестоки критики на таа судиска грешка и порачаа дека ВАР работи само во корист на Реал Марид.

Ситуацијата ја следел и на Твитер се огласи поранешниот играч на Барселона Дани Алвес.

„Еден ден не учеа дека мораме да направиме повеќе за да победиме, тоа на крајот и се случи“, порача искусниот Бразилец со фотографија од ситуацијата со Рамос и Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…