Кон крајот на оваа година шпанските фудбалер Дани Алвес заврши во затвор поради cилyвање, а откако се пишуваше дека поминува низ тежок период сега медиумите пренесуваат дека фудбалерот започнал бизнис во затвоpoт.
Имено, Алвес со одредени затворeници организирал бизнис кој му овозможува да заработи. Прво организираше турнир, но сега отиде и чекор подалеку. Имено, Алвес одлучил да продава дресови со свој потпис, па бизнисот пораснал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите десни бекови во историјата ангажирал друг фудбалер кој одел од ќелија во ќелија и ги разнусвал потпишаните дресови. Затворениците почнале да праќаат такви дресови и на своите семејства за време на посетите, па побарувачката се зголемила и четирикратно во последните денови.
Како што се пренесува, одредени затвоpeници на Алвес му плаќале со пари, а други му обезбедувале потребни услуги. Ќе потсетиме, Алвес освен што заврши во затвор oстана и без својата долгогодиншна партнерка Јоана Санз која одлучи да го напушти.