Дома Фудбал Алвес: Мораме да се помириме со фактот дека сме во Лига Европа и да го дадеме најдоброто

Алвес: Мораме да се помириме со фактот дека сме во Лига Европа и да го дадеме најдоброто

Барселона европскиот пат ќе го продолжи во Лигата на Европа.

Каталонците после 17 години во низа пролетта нема да ја дочекаат во Лигата на шампионите, а на вчерашниот ждреб во Нион за противник Барселона го доби тимот на Наполи и секако дека не чека возбудлив двомеч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Коментар на турбулентната сезона на Барселона во Европа даде и искусниот Дани Алвес.

„Мораме да се помириме со фактот дека ќе играме во Лига Европа. Го носиме дресот на Барселона и мораме се да направиме за да се прикажеме во добро издание. Кога го носите дресот на Барселона противникот не е важен. Ова е клуб со историја, не смеете дали пред вас е силен или слаб противник. Треба да се излезе на терен и да се даде се од себе“, изјави Алвес.

Првите натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа се игра на 17 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …