Aвстрискиот репрезентативец Давид Алаба на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн.
Алаба во Баерн пристигна уште во 2007 година како младинец и остави длабока трага во Минхен, но дојде време да побара нов предизвик во својата кариера. Неговиот договор со Баерн истекува на крајот на наредниот месец после што ќе стане слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа веќе е познато е каде овој 28 годишен дефанзвец ќе ја продолжи кариерата.
Имено, италијанскиот новинар Фабрицио Романо денес објави дека Алаба го потпишал првиот дел од договорот со Реал Мадрид.
„Алаба го потпиша првиот дел од договорот со Реал и тука е се завршено. Во клубот пристигнувак ако слободен играч. Официјална потврда ќе има кога ќе пристигне целата документација“, соопшти Фабрицио Романо.
Претходно беше објавено дека Алаба ќе потпише договор на пет години, а во Реал ќе заработува околу 12 милиони евра што е повеќе од она што го заработуваше во Баерн.
The first part of the contracts for David Alaba transfer to Real Madrid has been signed and completed. He’s joining as a free agent, confirmed. ⚪️🤝 #Real
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 18, 2021
Official announcement only expected at the end of the season, when all documents will be completed. ⏳ https://t.co/6YmBL5LGXy