Дома Трансфер зона Алаба ги поминал лекарските прегледи, познати детали од договорот со Реал

Алаба ги поминал лекарските прегледи, познати детали од договорот со Реал

Давид Алаба (28) ќе стане нов играч на Реал Мадрид.

„Марка“ објави дека австрискиот фудбалер ги договорил сите услови со мадритскиот гигант. Алаба и ги поминал лекарските прегледи во присуство на доктор на Реал и потпишал преддоговор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алаба се договорил за соработка на четири години според кој ќе заработува 11 милиони евра годишно, а играчот официјално член на Реал ќе стане во јули.

Австрискиот фудбалер така после 13 години го напушта Баерн. Во Минхен Алаба дојде во 2008 година, додека член на првиот тим стана две години подоцна. Исклучок е кратката епизода во Хофенхајм, Алаба со години беше неизоставен член на Баерн и со клубот освои се што можеше да се освои.

За Баерн одигра вкупно 408 натпревари и постигна 32 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…