Давид Алаба (28) ќе стане нов играч на Реал Мадрид.
„Марка“ објави дека австрискиот фудбалер ги договорил сите услови со мадритскиот гигант. Алаба и ги поминал лекарските прегледи во присуство на доктор на Реал и потпишал преддоговор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Алаба се договорил за соработка на четири години според кој ќе заработува 11 милиони евра годишно, а играчот официјално член на Реал ќе стане во јули.
Австрискиот фудбалер така после 13 години го напушта Баерн. Во Минхен Алаба дојде во 2008 година, додека член на првиот тим стана две години подоцна. Исклучок е кратката епизода во Хофенхајм, Алаба со години беше неизоставен член на Баерн и со клубот освои се што можеше да се освои.
За Баерн одигра вкупно 408 натпревари и постигна 32 гола.