После „црвените“, во акција е и тимот на Евертон.
„Карамелите“ потврдија дека се е договорено со Џејмс Тарковски и споменатиот фудбалер до крајот на месецот треба да го засили тимот од Гудисон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лекарските прегледи се закажани за следната недела кога ќе биде официјализиран и трансферот, а Тарковски би дошол како слободен играч бидејќи овој месец му истекува договорот со Барнли.
Тој игра на позицијата стопер, има 29 години и има големо искуство со играње во Премиер лигата. Во својата кариера собра и два настапи за репрезентацијата на Англија.
Клубот најави дека тука не е крајот на засилувањата и сакаат максимално да го засилат тимот за да не се повтори минатата сезона кога Евертон до последните кола се бореше за опстанок.