Дома Трансфер зона „Ако Јунајтед сака пари тогаш треба да го продаде Погба“

„Ако Јунајтед сака пари тогаш треба да го продаде Погба“

Братот на Пол Погба изјави дека Манчестер Јунајтед ви требало да го продаде францускиот репрезентативец што е можно побрзо ако сакаат да заработат на него.

Од доаѓањето од Јунајтед за 105 милиони евра Погба не игра на нивото на кое се очекува, а во октомври изјави дека негов сон долго време е да заигра за Реал Мадрид. Сепак, кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година Погба почна да игра подобро за тимот на Оле Гунар Солскјер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Знам дека на Погба му се допаѓа насоката во која оди Јунајтед. Меѓутоа тој има уште една година од договорот и не знам дали ќе остане до крајот. Тоа не можам да го кажам. Тоа што со сигурност можам да го кажам е ако Јунајтед сака пари, треба да го продаде веднаш. Се што можам да кажам е тоа, ако не го продадат тоа веројатно ќе им замине бесплатно. Не сум слушнал никакви вести за негово продолжување на договорот“, изјави Матијас Погба кој во овој момент игра за шпанска Мурсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Геа конечно пронајде клуб во кој ќе ја продолжи кариерата?

Давид Де Геа долго време го чуваше голот на Манчестер Јунајтед, а по една таква кариера от…