Дома Трансфер зона Ако планот на Клоп се оствари Ливерпул наредната сезона ќе има „бетон“ одбрана!

Ако планот на Клоп се оствари Ливерпул наредната сезона ќе има „бетон“ одбрана!

Ливерпул ја заврши сезоната со најмалку примени голови, но сепак Манчестер Сити на крајот стигна до трофејот.

Тимот на Клоп освои дури 97 бодови, но на краот ниту тие не беа доволни да се радуваат на трофејот затоа што Сити освои бод повеќе. Сепак, „црвените“ се уште имаат прилика за еден голем трофеј бидејќи играат во финалето од Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул изгледа навистина силно и многумина ќе кажат дека посебни засилувања и не им се толку потребни, најважно е да останат играчите кои беа носители во оваа сезона.

Меѓутоа „Мундо Депортиво“ кој е добро упатен со случувањата во Барселона пишува дека Ливерпул е единствениот клуб кој може да им го расипе планот на Каталонците да го доведат Матијас Де Лихт.

Според информациите на овој медиум, Ливерпул е спремен да понуди околу 80 милиони евра колку и што бара холандскиот гигант.

„Црвените“ веќе ги имаат едни од најдобрите бекови на денешницата, Ендрју Робертсон (25) и Трент Александер Арнолд (20) , а тука и Вирџил Ван Дијк (27), официјално најдобриот фудбалер во една од најинтересните сезони во Премиер лигата.

Кога на сето тоа ќе додадеме дека на голот го имаат Алисон (26), еден од најскапите голмани на сите времиња кој е платен 73 милиони евра, тогаш е јасно дека Ливерпул има гранитна одбрана.

Замислете го тука само уште Де Лихт...

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…