Дома Фудбал Лига на шампиони Ако некој најдобро знае како против Реал, тогаш тоа е Гвардиола

Ако некој најдобро знае како против Реал, тогаш тоа е Гвардиола

Без дилеми двомечот кој привлекува најголемо внимание во осминафинелто е оној помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Двата фаворити за освојувањето на на ова натпреварување ќе се сретнат уште во првата рунда од нокаут фазата. Тешко е да се каже во овој момент кој е фаворит, меѓутоа ако некој знае како против Реал тогаш тоа е Пеп Гвардиола.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, како тренер на Барселона, Баерн и Сити, Гвардиола 17 пати играл против Реал и остварил девет победи, четири нерешени натпревари и четири порази.

Само уште против Арсенал Пеп водел екипи во 17 натпревари, меѓутоа против „топџиите“  има подобар скор. Неговите екипи против клубот од Лондон победувале 11 пати, три пати одиграле нерешено и три пати биле поразени. Последната победа против Арсенал ја оствари во последниот викенд.

Ќе видиме каков епилог ќе има двомечот со Реал, но без сомневање ако Сити испадне во осминафиналето и ја изгуби титулата во Премиер лигата каде што веќе многу заостанува зад Ливерпул за Сити сезоната ќе биде неуспешна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…