Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус ќе биде приоритетна цел на Јувентус ова лето, ако Кристиано Роналдо го напушти клубот од Торино.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Новиот спортски директор на „старата дама“ Федерико Черубин веќе работи на неколку фронта, а најголеми промени ова лето ќе претрпи нападот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека иднината на Роналдо и Дибала во Торино не е сигурна, па Алегри составил листа од неколку напаѓачи.
Примарна цел е ѕвездата на Сити, Габриел Жесус, кој не е задоволен од својот статус во тимот и е спремен да се пресели во Италија.
Како алтернати се спомнуваат Мауро Икарди од ПСЖ и Душан Влаховиќ од Фиорентина.
Во исто време шпанскиот напаѓач Алваро Мората сигурно ќе остане во тимот, повторно како позајмен од Атлетико Мадрид.