Дома Трансфер зона Ако Дибала заминува Јувентус може да го замени со Заниоло

Ако Дибала заминува Јувентус може да го замени со Заниоло

Паоло Дибала одигра дваесетина минути во два натпревари за Аргентина, а сега следи враќање во Италија каде што многу се пишува за неговата иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навивачите на Интер се надеваат дека има вистина во пишувањето на медиумите за можен трансфер во нивните редови на крајот на сезоната. Договорот на Дибала завршува ова лето и засега не е продолжен.

Јувентус ја спуштил понудата од претходно договорените 10 милион и евра и еден дел претворил во бонуси, па Дибала не бил задоволен. Дека нешто навистина се случува се забележа и по неговата прослава на голот за Јувентус кога погледна кон управата на „старата дама“.

Во Јувентус не сакаат ништо да препуштат на случајноста па веќе ги разгледуваат и опциите за можна замена за Дибала. Денес на „Чизмата“ се пренесува дека Јувентус Дибала може да го замени со Заниоло од Рома. Сепак, Заниоло е фудбалер кој има две тешки повреди на коленото и прашање е колку може да биде замена за Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…