Влегува во последната година од договорот и според информациите од Англија сака да ја промени средината…
Арон Рамзи е познат како „убиец на познатите“ (често пати се случуваше некој негов гол да биде кобен за некоја позната личност). Рамзи оваа година постигна шест погодоци, а целиот тим е далеку од посакуваната форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Велшанецот има и проблеми со повредите, Арсенал веројатно ќе го продаде на лето бидејќи Рамзи не сака продолжување на договорот.
Фудбалерот од средината на теренот влезе во својата последна година од договорот и јасно е дека клубот за него ќе сака да добие барем некоја сума. За сега постојат шпекулации дека е заинтересиран Ливерпул, но и некои италијански клубови.
Но, Венгер како и неколку години наназад, сепак сега изгледа повеќе од било кого е на работ на отказ, па евентуална промена на тренерското столче на Арсенал можеби ќе влијае и на Рамзи да ја промени одлуката.