Академија Пандев неодамна остана без првиот стратег Александар Васоски кој се пресели во Сараево.
Вчера клубот без Васоски ги започна подготовките за новата сезона, а тимот до доаѓањето на нов стратег ќе го води Ѓорѓе Стојчев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На СЦ „Пандев“ сениорскиот тим на Академија Пандев ги започна зимските подготовки. Се одработи воведен тренинг, а од утре екипата продолжува со по две тренажни единици. Првата фаза од припремите ќе се одржи во Струмица, а на 20-ти јануари се заминува на дванаесетдневни припреми во Анталија, Турција. Планирани се шест контролни натпревари. До пополнување на испразнетото тренерско место, тимот ќе биде предворен од тренерот Ѓорге Стојчев“, соопштија од „пандевци“.