Тимот на Академија Пандев одлично ја започна сезоната и моментално се наоѓа на лидерската позиција на табелата, а денес донесе ново големо засилување со што ги потврди високите амбиции.
Денес Академија Пандев постигна договор со македонскиот репрезентативец Ванче Шиков кој последните недели тренираше со екипата, но од административни причини немаше право на настап. Се очекува документите да биде комплетирани во следниот период и тој да настапи веќе во следното коло против својот поранешен клуб Работнички.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шиков има богата интернационална кариера, а во домашното првенство играше за Тиквеш, Победа, Работнички, па Академија Пандев ќе биде негов четврти македонски клуб.