По трансфер-сапуницата која траеше повеќе од една година, Килијан Мбапе (25) стана нов играч на Реал Мадрид.
Француската суперѕвезда пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. Мбапе ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“ откако Франција ќе ја заврши европската кампања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден Азар (33) кој ја заврши кариерата по неуспешната епизода во Реал, му испрати порака на Мбапе: „Направи го тоа што не можев, брат, уживај играјќи за Реал и освојувај трофеи“.
Мбапе е најголемото име што доаѓа во Реал по Азар, а навивачите се надеваат дека тој нема да биде ново разочарување. Тој потпиша договор на пет години, а годишно ќе заработува 15 милиони евра. Дополнително, тој доби бонус од 100 милиони евра кои ќе му бидат исплатени во текот на годините на договорот, односно 20 милиони евра годишно.