Израел Адесања стана новиот УФЦ-шампион во средна категорија, откако го нокаутираше Роберт Витејкер на средината на втората рунда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Адесања, кој има нигериско потекло, можеше да го реши Австралиецот и многу порано, но крајот на рундата го спречи во неговата намера.
Искусниот борец претходно го имаше појасот за привремен шампион, а сега ја доби титулата во средна категорија, против човек кој имаше исто така привреемн појас.
„Ме напаѓаше како што очекував, а јас имав еден куп планови за него. Ми кажаа дека немам сила за нокаут, но на крајот токму тоа се случи“, изјави Адесања.